Дома Топ вести Пресврт: Дембеле потпишува и останува во Барселона

Пресврт: Дембеле потпишува и останува во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез ја презеде задачата да го убеди крилниот напаѓач Усман Дембеле да потпише нов договор со клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот договор на Французинот истекува за неколку дена и тој ќе стане слободен агент. Сепак, „Мундо Депортиво“ пренесува дека Французинот донел одлука и е многу блиску до потпишување на нов договор со Каталонците.

Од клубот категорично потврдија дека понудата која Дембеле првично ја одби нема да биде подобрена, но останува на сила и Французинот може да ја прифати во секој момент.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека приоритет на Дембеле бил да остане во Барселона, а Чави одиграл клучна улога и му ветил дека ќе има важна улога во тимот доколку реши повторно да потпише.

Тоа ќе го ослобиди клубот од неопходното привлекување на нов крилен фудбалер, како Рафиња и Ди Марија, и комплетно ќе се насочи кон други трансфер цели како Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…