Дома Фудбал Англија Пресврт во најава: Рома му кажа отсечно „НЕ“ на Челзи

Пресврт во најава: Рома му кажа отсечно „НЕ“ на Челзи

Спортскиот директор на Рома, Мончини пред почетокот на вечерашниот меч против Сампдорија за италијанските медиуми изјави дека Един Џеко останува во римскиот клуб бидејќи одлучиле да ја одбијат понудата на Челзи за нивниот напаѓач.

Јавноста во Италија објави вечерва дека Џеко речиси сигурно го игра својот последен меч во дресот на Рома, и дека утре ќе потпише за Челзи. Меѓутоа пред стартот на самиот меч се огласи Мончини кој изјави дека стигнала понуда за Џеко, но дека Рома одлучија да ја одбие.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Рома како и секој клуб на светот ги сослушува прво понудите кои ќе пристигнат, не само за Един, туку за било кој играч во екипата. Видовме и одлучивме. Џеко е во Рома и останатото не е важно.л Тоа значи дека не ни е интересна понудата која пристигна за Џеко“, истакна Мончини и додаде:

„Не знам какви услови Челзи му понуди на Џеко бидејќи не сум негов менаџер. Зборувам за Рома, понудата пристигнува, ние ја разгледуваме и одлучуваме. Како спортски директор имам задача да гледам на се од фудбалски и економски аспект. Да не мислам така би можел да се обидам утре да го донесам Меси, но …“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работеше на градилиште во 2017 година, а сега ќе игра Европско првенство

Дел од селекторите на земјите учесници веќе ги објавуваат списоците за претстојното Европс…