Дома Топ вести Пресврт во Каталонија – Чави се премислил!

Пресврт во Каталонија – Чави се премислил!

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез сега е отворен за останување во клубот и следната сезона.

Само еден ден по поразот од Реал Мадрид, кој значеше крај на сезоната без ниту еден трофеј, Чави е подготвен да седне на маса со раководството на клубот и да ги разгледа опциите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сите угледни и добро информирани извори од Каталонија денеска објавија дека Чави побарал средба и посочил дека ќе остане со одредени услови.

Чави наводно е задоволен од тоа како тимот напредувал во последните недели и што играчите масовно изразиле желба тој да остане, исто како и членовите на управата, претседателот Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко.

Чави сака гаранции дека тимот ќе се засили, не е тајна дека го сака Бернардо Силва, се споменува и Дани Олмо, но и Гвидо Родригез од Бетис како подостапна опција на позицијата последен играч за врска.

Откако Чави го најави своето заминување во јавноста со клупата на Барселона се поврзуваа повеќе имиња, но клубот засега немаше најдено адекватна замена, а ако Чави и дефинитивно одлучи да остане ќе ги израдува сите во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…