Дома Фудбал Англија Премиер лигата стартува во петок – суперкомпјутерот го предвидува шампионот!

Премиер лигата стартува во петок – суперкомпјутерот го предвидува шампионот!

Минатата сезона Ливерпул и Манчестер Сити водеа битка до последното коло за титулата во Премиер лигата, со што Граѓаните на крајот стигнаа до трофејот со предност од еден бод.

Оваа сезона, ќе го гледаме истото сценарио, барем ако му веруваме на суперкомпјутерот. Сити повторно би завршил пред Ливерпул, а Тотенхем и Манчестер Јунајтед би завршиле на третото односно на четвртото место.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според предвидувањето на суперкомпјутерот, Брајтон, Шефилд Јунајтед и Њукасл немаат причина да бидат задоволни затоа што ќе испаднат од Премиер лигата.

Според овие предвидувања, Арсенал уште една година во низа ќе остане без трофеј на Лигата на шампионите и ќе заврши на петтото место, а Челси ќе остане на шестото место.

Новата сезона во Премиер лигата ќе започне во петок кога првиот натпревар од првото коло ќе го одиграат Ливерпул и Норвич, а интересно ќе биде да се види како ќе изгледа табелата на крајот на шампионатот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…