Дома Фудбал Премиер лигата воведува „Куќа на славните“

Премиер лигата воведува „Куќа на славните“

Англиската Премиер лига наскоро ќе добие „Куќа на славните“ во која ќе можат да бидат примени само фудбалери кои ја завршиле својата кариера.

Само играчите кои веќе завршиле со професионално играње фудбал ќе можат да влезат во „Куќата на славните“. При изборот ќе се земат во предвид само нивните настапи во Премиер лигата, објавија англиските медиуми.

Имињата на првите двајца членови во „Куќата на славните“ ќе бидат објавени на 19 март на специјална церемонија.

 Во исто време, ќе биде објавен и краткиот список на играчи за кои во гласањето ќе можат да се вклучат и навивачите.

„Од 1992 година наваму Премиер лигата е дома на играчи од светска класа, а местото во Куќата на славните е резервирано само за најдобрите“, изјави директорот на лигата, Ричард Мастерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд е на дното, но нема паника: Ле Брис сè уште ја има довербата

Само четири бода од седум кола, повредени напаѓачи и тежок европски ритам. Сандерленд бара…