Дома Фудбал Останато Премиерлигаши, Алвес ви испрати повик: Не се пензионирам, додека не заиграм таму!

Премиерлигаши, Алвес ви испрати повик: Не се пензионирам, додека не заиграм таму!

Бразилецот Дани Алвес се опоравува од тешката повреда на лигаментите, но тврди дека кариерата нема да ја заврши пред да заигра во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот на Пари Сен Жермен наскоро би требало да се врати на теренот, после повредата на коленото поради која е надвор од терените уште од мај.

Со оглед на тоа дека има 35 години, многумина го запрашаа дали оваа повреда ќе го испрати во пензија.

„Невозможно е да ја завршам кариерата, а да не заиграм во Премиер лигата. Таму се игра најдобриот фудбал во светот. Играчите уживаат голема почит. Кога би можел да играм тоа би било совршено, но ќе успеам, на еден или друг начин“, изјави Алвес.

Бразилецот освен во Франција настапуваше во Италија и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големото засилување на Вардар прослави роденден во Норчија

На подготовките во Норчија вардарци имаа причина и за мало славје, роденден прослави новот…