Утре членовите на англиската Премиер лига ќе одржат средба после која и официјално ќе се побара промена во форматот на ФА Купот поради густиот распоред на екипите.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Премиерлигашите сакаат да се укинат повторените натпревари, нешто што веќе беше привремено направено во сезоната 2020/2021 која беше најпогодена од коронавирусот.




Свесни и клубовите за комерцијалната важност на Лига Купот и токму затоа не бараат негово укинување, па решение се бара во промена во ФА Купот. Сепак и за Лига купот се разгледува можност за редуцирање на натпреварите на екипите од Премиер лигата.




Меѓутоа ФА и Лига Купот не се под капата на Премиер лигата и ако има промени тие треба да бидат одобрени од асоцијацијата. Во Премиер лигата дополнително треба да бидат утврдени и термините за одложените натпревари поради cмртта на Кралицата.