Дома Топ вести Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Премиерлигашите се „тепаат“ за голгетерот на Спортинг

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на Арсенал, Ливерпул и  Тотенхем. Сите три тима се заинтересирани да го ангажираат шведскиот репрезентативец на лето, пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


25-годишниот напаѓач пристигна во португалската престолнина од англискиот второлигаш Ковентри Сити и одигра фантастична сезона.

Во изминатата сезона Ѓекереш постигна 36 гола на 44 натпревари, а Арсенал важи за фаворит за неговиот потпис и веќе ги започна преговорите.

Ѓекереш има ослободителна клаузула која е 100 милиони евра, но Арсенал ќе се обиде со преговори малку да ја намали таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…