Премиерлигашките клубови во изминатите шест години ја наполнија касата на Реал Мадрид.
Ако погледнеме малку наназад Реал Мадрид во последните шест години од клубовите од Премиер лигата заработил дури 230 милиони фунти. Она што е поинтересно е што скоро ниту еден играч не успеа да остави некоја поголема трага.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсенал во 2013 година го купи Месут Озил за сума од 42 милиони евра. Озил на почетокот прикажуваше добри настапи, но потоа започна да паѓа во формата и денес е еден од најкритикуваните игрчаи на Арсенал.
Во 2014 година Јунајтед го купи Анхел Ди Марија за 60 милиони фунти и Аргентинецот се покажа како едно од најголемите промашувања на „црвените ѓаволи“. Ди Марија во Јунајтед се задржа само една година и постигна четири гола на 33 натпревари.
Од Данило кој го избра Манчестер Сити „кралевите“ заработија 27 милиони фунти, добра заработка остварија и од Челзи кога овој клуб го купи Алваро Мората за 65 милиони фунти.
И последниот играч е поврзан со Челзи, Матео Ковачиќ од премина од Реал во Лондон за 40 милиони фунти. За Ковачиќ сепак засега можеме да кажеме дека прикажува солидни настапи.