Дома Останати Кошарка Прекината црната серија на Аеродромци: Конечно триумф за МЗТ во АБА лигата

Прекината црната серија на Аеродромци: Конечно триумф за МЗТ во АБА лигата

Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје ја прекина конечно низата од 11 порази во рамки на АБА лигата, па така славеше на гостувањето кај Цибона во Загреб со 92:77.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По речиси три месеци, избраниците на Лукајиќ добро, иако мечот го стартуваа лошо, откако Цибона направи разлика 10:3. Сепак до полувремето МЗТ дојде до предност, па така на пауза се замина со резултат 41:38 во корист на нашиот состав.

Се чини натпреварот беше одлучен по фантастичната трета четвртина, која му припадна на МЗТ со резултат 30:18.

Во таборот на Аеродромци најефикасни беа Мавра и Стојановски со постигнати 18 поени, додека кај Цибона се издвои Зориќ кој запиша 20 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Детали од гласањето за МВП: Јокиќ не бил ниту блиску, а Дончиќ за никого не е најдобар!

Шеј Гилџес-Александер по втор пат последователно е именуван за најдобриот играч (МВП) на р…