Пред точно 19 години Дејвид Бекам го постигна можеби најважниот гол во неговата кариера, секако стануваше збор за гол од слободен удар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англија на „Олд Трафорд“ играше со Грција во последното коло од квалификациите за Светското првенство. Пред натпреварот Англија и Германија беа изедначени на табелата со тоа што Англичаните имаа подобар меѓусебен дуел и беа во предност. Се што требаше е да се победи Грција дома.
Сепак, работите против Грција не се одвиваа според планот. Харистеас ја доведе Грција во водство кон средината на второто полувреме, а Шерингам изедначи само седум минути подоцна. Меѓутоа една минута подоцна Николаидис го врати водството на Грција и Англија се најде во голем проблем. Германија во ист момент имаше 0:0 против Финска и со тој резултат тие одеа директно на СП. На Англичаните им требаше чудо и го добија во 93. минута.
Досуден беше слободен удар на околу 30 метри од голот. Топката ја зема Бекам останатото е историја…Англичаните освоија бод и се пласираа директно на СП на кое стигнаа до четвртфиналето каде што ги елиминираше Бразил со оној познат гол на Роналдињо скоро од центарот на теренот.