Дома Видео Пред три години солзавец беше фрлен на играчите на Ривер, а фудбалерите на Бока го разочараа фудбалскиот свет

Пред три години солзавец беше фрлен на играчите на Ривер, а фудбалерите на Бока го разочараа фудбалскиот свет

Големото дерби помеѓу Ривер и Бока е одложено за денеска откако на Монументал беа нападнати играчите на Бока.

Автобусот на играчите на Бока од се уште непознати причини се најде на улицата каде беа навивачите на Ривер, после што настана вистински хаос. Навивачите на Ривер веднаш почнаа да фрлаат со разни предмети, а во еден момент беше фрлен и солзавец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во овие нереди најлошо помина Пабло Перез и Ламардо, кои заработија повреди на окото, додека со нешто полесни повреди се здоби и Карлос Тевез. Иако организаторите се обидуваа со сите сили натпреварот да се одигра, на крајот играчите на Бока не сакаа да истрчат на теренот и упорно повторуваа да се повтори сценариото од 2015.

Имено, пред три години во 1/16 финалето во ова натрпеварување на Ла Бомбонера играа Бока и Ривер, а тогаш навивачите на Бока фрлија солзавец во тунелот каде беа играчите на Ривер. Тогаш натпреварот беше откажан и беше одлучено Ривер да слави службено со 3:0 и да оди понатаму.

Играчите на Бока се обидувале тоа да им го кажат на делегатите и на нив да им се додели победата и пехарот, но тоа не се случи. На Твитер се појави видео од пред три години кога играчите на Бока го разочараа фудбалскиот свет, бидејќи после инцидентот излегоа на теренот и им аплаудираа на навивачите кои фрлиле солзавец кон играчите на Ривер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…