Дома Фудбал Лига на шампиони Пред три години заедно испаднаа од Премиер лигата, а сега се противниците во финалето од ЛШ

Пред три години заедно испаднаа од Премиер лигата, а сега се противниците во финалето од ЛШ

Фудбалот низ историјата испиша многу големи животни приказни.

Најважната споредна работа на светот често пати во јунаци претвора момци кој никогаш не биле во прв план, но за оние упорните секогаш наградата пристигнуваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така никој не ни можеше да претпостави дека двајца членови на Њукасл од сезоната 2015/2016 ќе играат оваа сезона во финалето од Лигата на шампионите.

Њукасл таа година испадна од Премиер лигата, а членови на тој тим беа Георгино Ванијалдум и Муса Сисоко. Тимот од „Сент Џејмс Парк“ имаше одлични играчи, но не и тим па испаднаа во понизок ранг.

Очекувано беше Ванијалдум и Сисоко да не останат и да играат во Чемпионшип. Веднаш по испаѓањето тие го напуштија Њукасл и потпишаа договор со нивните денешни тимови.

Времето покажа дека направиле добар избор. Двајцата играат навистина одлично и често пати се клучни за своите екипи, посебно тоа се однесува Ванијалдум кој постигна два гола во реваншот против Барселона. Тие голови за него беа први оваа сезона во Лигата на шампионите, а ги постигна откако влезе од клупата за резерви.

Во финалето поранешните соиграчи ќе бидат еден против друг. Победник може да биде само еден, а некој ќе мора да го напушти теренот со наведната глава.

Кој ќе се радува на титулата шампион на Европа ќе дознаеме на 1-ви јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Падна договор: Ливерпул го избра наследникот на Клоп

Ливерпул ги заврши преговорите со тренерот на Феенорд, Арне Слот. Тој ќе ја преземе клупат…