Дома Фудбал Репрезентации Пред три години доби затворска казна, а вчера остана непобеден против светските вицешампиони

Пред три години доби затворска казна, а вчера остана непобеден против светските вицешампиони

Вчера Хрватска се посрамоти во Баку во квалификациите за ЕП 2020 и одигра само 1:1 против аутсајдерот.

Ремито на светските вицешампиони беше изненадувањето на денот, а освен поради резултатот овој натпревар привлече внимание и поради 31 годишниот фудбалер на Азербејџан Џавид Хусеинов.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хусеинов доби шанса да го чува официјално најдобриот фудбалер за 2018 година Лука Модриќ, а пред само три години тој беше осуден на затворска казна.

Пред три години овој фудбалер беше осуден на затворска казна од четири години поради учество во претепувањето на новинарот Расим Алијев кој подоцна им подлегна повредите. Сепак, судот во Баку после четири месеци ја прифати жалбата на Хусеинов и го пушти на слобода, па така можеше да ја продолжи фудбалската кариера.

Во овој момент тој го носи дресот на Зиру и за репрезентацијата на Азербејџан има 52 настапи и два постигнати гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…