Пред точно седум години во одличен и драматичен натпревар на „Енфилд“ Ливерпул и Челзи одиграа без победник 2:2, домаќините изедначија со голот во шестата минута од судиското продолжение кој беше дело на Луис Суарез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уругвајскиот напаѓач во тој натпревар во центарот на вниманието се најде и во 69. Минута кога во гужвата во казнетиот простор го гризна Бранислав Ивановиќ.
Судиите не го забележаа тој неспортски потег, меѓутоа поради големиот број камери тој јасно можеше да се види.
Суарез слична глупост направи и во 2010 година кога во дресот на Ајакс го гризна играчот на ПСВ Отман Бакала. Уругваецот тогаш беше казнет со седум натпревари, а холандските медиуми му го дадоа прекарот „канибал“.
Помеѓу овие два гриза Суарез на Светското првенство во Бразил за рамото го гризна Џорџо Киелини, ФИФА не му го прости тој потег и му даде забрана од четири месеци, таа година потпиша и за Барселона.
Сите три гриза на Суарез