Селекторот на репрезентацијата на Македонија повика нови фудбалери за натпреварот против Грузија во среда.
По дуелите со Косово и Естонија имаше неколку повредени играчи, па Ангеловски се реши да повика нови имиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред Грузија на репрезентацијата ќе и се придружат Љупчо Дориев и Енур Тотре од Шкендија, Дарко Мицевски од Вардар и десниот бек на Македонија Ѓ.П, Томе Китановски. Повик доби и младинскиот стопер Агрон Руфати кој е член на младата репрезентација, но е ослободен од обврските за младите поради жолти картони.
Во опција за доаѓање биле Стефан Ашковски и Давид Бабунски, но во време на пандемијата нивното доаѓање во Македонија е тешко, па затоа Ангеловски се сврте кон фудбалерите од домашното првенство.