Дома Фудбал Пред „Бернабеу“ се е во знакот на Азар (ФОТО)

Пред „Бернабеу“ се е во знакот на Азар (ФОТО)

Реал Мадрид денес и официјално ќе го престави Еден Азар.

Репрезентативецот на Белгија на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува во трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра.

Азар во 19:00 часот ќе биде претставен на стадионот на клубот кој 13 пати стануваше европски шампион. На улиците во Мадрид веќе можат да се купат дресови и разни реквизити со името на Азар.

Белгискиот фудбалер во новиот клуб ќе го носи дресот со број седум бидејќи неговата омилена „десетка“ е на грбот на Лука Модриќ.

Ќе потсетиме, Азар со Реал ќе потпише договор на пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас: Утре очекувам тежок натпревар

Со капитенот Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција присуств…