Дома Топ вести Преговорите помеѓу Меси и Барселона започнаа

Преговорите помеѓу Меси и Барселона започнаа

Новиот претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака што поскоро да го продолжи договорот на Лионел Меси, кој истекува во јуни.

Шпанските медиуми и информираат дека двете страни седнале на преговарачка маса и ги започнале преговорите за нов договор.

Претседателот Лапорта имал неколку разговоро со таткото и агент на Меси, Хорхе, пренесуваат каталонските медиуми.

Не се очекува брзо да се реши прашањето на новиот договор. Се очекува преговорите да траат неколку недели, но желбата на двете страни е да ја продолжат соработката.

Во Шпанија се убедени дека приоритет на Меси е силен спортски проект и дека парите нема да играат главна улога. Наводно Аргентинецот е спремен да ја намали платата за 50% во следните две години и на тој начин да му остави ресурси на клубот за засилување на тимот.

После промената на претседателот и доаѓањето на Лапорта се зголемија шансите Меси може да остане на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…