Дома Фудбал Останато Преговорите започнати: Се враќа стариот „лисец“ Галијани, но НЕ во Милан!

Преговорите започнати: Се враќа стариот „лисец“ Галијани, но НЕ во Милан!

Поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани би можел да се врати во европскиот фудбал.

Галијани со години беше главен оперативец во Милано и клучен човек за многу успеси на „росонерите“, а во негово време клубот успеа да ги направи едни од најголемите трансфери.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Докторот за трансфери би можел да се врати на оваа работи, но не во Милан од каде што замина заедно со Силвио Берлускони, туку во Реал Мадрид.

Наводно претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез веќе започнал преговори со Галијани за негово доаѓање во Мадрид, а „Ла Стампа“ пренесува дека Перез и Галијани се во одлични односи и дека многу лесно би можеле да се договорат.

Според италијанските медиуми, Галијани и претходно бил контактиран од страна на Перез, но тогаш 73 годишниот оперативец ја одбил понудата со образложување дека му е потребен малку одмор.

За крај се истакнува дека доколку Галијани ја прифати понудата наредното лето на располагање ќе добие огромни 200 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави се огласи по најавите дека ќе биде сменет!

Од по натпреваерот против Алмерија во јавноста на големо се пишува за можната смена на Чав…