Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде Лука Јовиќ од Реал Мадрид.
„Росонерите“ во летниот преоден рок не донесоа централен напаѓач, па после повредата на Ибрахимовиќ сакаат да го засулат нападот во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прва цел ќе биде Лука Јовиќ, кој не добива голема минутажа кај Зидан и самиот инсистира на промена на средината.
„Росонерите“ се во одлични односи со „кралскиот“ клуб и ќе се обидат да го донесат во јануари на позајмица со можност за откуп на крајот на сезоната.
Преговорите се веќе во напредна фаза и утре се очекува во Милано да пристигне неговиот агент Фали Рамадани на средба со раководството на Милан.