Дома Топ вести Преговорите во тек: Нестор пред враќање во Палермо!

Преговорите во тек: Нестор пред враќање во Палермо!

Во изминатите денови низ италијанските медиуми се пишува за иднината на македонскиот напаѓач, Илија Несторовски.

Несторовски во финишот од сезоната добиваше поголема минутажа во Удинезе, но откако тимот го обезбеди опстанок, па последните натпревари беа искористени како тест да се види на кого тимот има намера да смета во новата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што стојат работите, Нестор не го поминал „тестот“ и не ги задоволил очекувањата на раководството на клубот од Удине. Сега од Палермо стигна потврда дека преговараат да го вратат во своите редови.

„Преговараме со Несторовски“, објави „Џиорнале ди Сицилија“.

Несторовски најдобрите денови од својата кариера ги помина во Палермо каде што остави длабока трага, а си замина откако клубот поради финансиски проблем беше исфрлен во најинзок ранг, сега полека се враќа и се натпреварува во Серија Б.

Засега информациите се дека Палермо на Несторовски му нуди договор на една година, додека македонскиот напаѓач бара двегодишен договор. Претходно се пишуваше дека АПОЕЛ е заинтересиран за Нестор, меѓутоа во овој момент клубот од Сицилија е фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…