Дома Македонски спорт Најтешкото на стартот: Момците на Цапар на гости кај Камвинга и друштвото!

Најтешкото на стартот: Момците на Цапар на гости кај Камвинга и друштвото!

Денес покрај сениорската натпревар игра и младата селекција на Македонија која го стартува новиот циклус квалификации за Европското првенство до 2023 година.

Првиот предизвик за Канатларовски ќе биде против најголемиот фаворит во групата, Франција. На гости од 18:30 надежите ќе се обидат да го покажат својот квалитет против силната селекција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Групата во која играат младинците е навистина тешка затоа што покрај Франција, тука е Србија со која ќе се сретнеме за во второто коло во Охрид за пет дена.

Популарниот Цапар се соочи и со проблеми затоа што поради ковид отпаднаа Марио Младеновски, Адријан Хајдари и Димитар Тодоровски, а се повреди Амел Рустемоски. Поради таквата ситуација мораше да испраќа дополнителни повици.

„Франција е силна репрезентација и апсолутен фаворит во групата. Сигурно нема да се предадеме и ќе го дадеме максимумот, верувам во моите фудбалери и очекувам да одиграме на високо ниво. Се соочивме со проблеми затоа што четворица наши фудбалери не ни се на располагање, но тоа е тоа. Сите останати тренираа одлични, а желбата и мотивот секако се на највисоко ниво кога се игра против една таква селекција“, изјави Цапар.

Прва ѕвезда на младата селекција на Франција е Едуардо Камвинга кој пред само неколку дена направи трансфер од Рен во Реал Мадрид за 30 милиони евра.

Натпреварот Франција – Македонија ќе може да се следи на Арена Спорт.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…