Дома Фудбал Англија Прво реми за Лестер сезонава: Јунајтед два пати водеше, „лисиците“ се враќаа! 🎥

Прво реми за Лестер сезонава: Јунајтед два пати водеше, „лисиците“ се враќаа! 🎥

Во рамките од 15. коло во Премиер лигата денес својот натпревар го играа Лестер и Манчестер Јунајтед.

Лестер и Јунајтед одиграа еден интересен натпревар во кој на крајот двете екипи ги поделија бодовите со резултат 2:2. Маркус Рашфорд во 23. минута ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство после асистенцијата на Бруно Фернандеш. До крајот на полувремето Лестер изедначи преку Барнс.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во 61. минута голот на Марсијал беше поништен после реакцијата на ВАР. Во 75. минута на местото на Марсијал во игра влезе Едисон Кавани. Само четири минути подоцна Кавани му асистираше на Фернандеш за ново водство на гостите.

Јунајтед дојде блиску до трите бода, меѓутоа на пет минути пред крајот на истекот на регуларните 90 минути Џејми Варди го постигна својот 12. гол во Премиер лигата за конечни 2:2.

Интересно е што ова за Лестер беше прв нерешен натпревар во сезоната. Лестер сега останува на втората позиција со 28 бода, Јунајтед е трет, па следи Евертон со 26 кој има натпревар помалку. Лидер е Ливерпул со 31 бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ќе ангажира неколку ѕвезди во Манчестер сити, а најскапата вреди 190 милиони евра!?

Манчестер Сити оваа сезона игра многу скромно и веројатно е дека Пеп Гвардиола би можел да…