Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го договори првото засилување, а станува збор за играчот за врска на Шахтјор, Бразилецот Фред.
25-годишниот фудбалер во моментов се наоѓа во Англија заедно со бразилската репрезентација, која вечерва ќе игра пријателски меч со Хрватска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По дуелот Фред ќе отпатува за Манчестер, за да ги помине медицинските тестови, по што ќе го потпише четиригодишен договор.
Украинскиот шампион Шахтјор ќе добие 50 милиони евра, а целиот трансфер со бонуси може да достигне до 60 милиони евра.