Дома Македонски спорт Мак фудбал Прволигашката селекција „ограбена“ и поразена се враќа од Абу Даби!

Прволигашката селекција „ограбена“ и поразена се враќа од Абу Даби!

Прволигашката репрезентација на Македонија со пораз се враќа од тестот во Абу Даби (0:1). Во натпревар во кој и бевме оштетени од судиите домаќините славеа минимален триумф.

Судиите од Обединетите Арапски Емирати не досудиле два очигледни пенали, прво за влечење во акцијата врз Влатко Стојановски, а потоа за игра со рака на самата гол-линија еден од саудиските фудбалери спречил чист гол по ударот на Кристијан Трапановски.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Натпреврот во главно помина без многу шанси, а Македонија не креираше ниту една посериозна прилика се до споменатите спорни моменти кои се случуваа во самиот финиш.

Човек на одлука беше Салех Калид Алшери кој го постигна голот на пет минути пред крајот на регуларните 90.

Кристијан Наумовски, Кристијан Тошевски, Владица Брдароски, Егзон Бејтулаи, Дарко Велковски, Али Адем, Бојан Димовски, Ферхан Хасани, Љупче Дориев, Методија Максимов, Бесарт Ибраими беше стартниот состав за овој натпревар.

Во продолжение шанса добија: Зија Мерџани, Бојан Илиевски, Кристијан Трапановски, Бунјамин Шабани, Иван Николов, Марио Младеновски и Игор Алексовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…