Дома Фудбал Први 100 дена: Пет промени кои Лопетеги ги направи во Реал

Први 100 дена: Пет промени кои Лопетеги ги направи во Реал

lopetegui

Денес изминуваат 100 дена, па веќе можеме и да ги дадеме првите оценки за новиот Реал.

Јулиен Лопетеги на самиот почеток со отказ од шпанската репрезентација го плати седнувањето на клупата на Реал Мадрид, но за него тоа беше животна прилика.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дочека беше со доза на скептицизам, кога Зидан замина Лопетеги не се споменуваше како фаворит за тогаш празното столче на клупата на „кралевите“.
Лопетеги во новата сезона засега има два „кикса“, изгуби во Суперкупот на Европа и ремизираше во првенството против Билбао.

Што промени тој во таборот на Реал?

РОНАЛДО – Заминувањето на најдобриот стрелец остави празнина во постигнувањето на голови или поточно кажано така се мислеше. Без Кристиано до сега Реал има постигнато три гола повеќе отколку во истиот период минатата сезона. Бензема е прв стрелец со пет голови, Бејл псотигна 4, Рамос 3…Покрај тоа одбраната прими два гола помалку во однос на минатата сезона.

ПОСЕД – Овој тим повеќе посед и пасови отколку оној на Зидан, навистина повеќе губат топката, а ја одземаат во ист процент како и со Французинот на клупата

ФОРМАЦИЈАТА – Тука Лопетеги ги меша картите 4-3-3 кога играат Асенсио, Бејл и Бензема или 4-4-2 кога Бејл и Бензема се во нападот, заборавениот Љоренте скоро и да не добива прилика.

ПОМАЛА РОТАЦИЈА – Лопетеги не ротира премногу, 15 играчи се горе-долу стандардни, останатите добиваат по некоја минута
Не им верува на засилувањата – Освен Куртоа, останатите не играат премногу. Мариано играше 17 минути и постигна гол против Рома, Винисиус е во младинскиот тим, два пати седеше на клупата на првиот тим, а Одраизола го нема ниту на мапа…

Засега може да се каже дека не му оди лошо, сепак останува да видиме како ќе се покаже кога ќе дојдат поголемите предизвици во шампионатот и Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…