Дома Фудбал Првиот човек на францускиот фудбал зборуваше за Бензема, а напаѓачот му порача: Заборавете ме!

Првиот човек на францускиот фудбал зборуваше за Бензема, а напаѓачот му порача: Заборавете ме!

benzema

Точно три години изминуваат од како напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема го одигра последниот натпревар за националниот тим.

Тој и понатаму е во центарот на вниманието во медиумите во татковината поради скандалот кога Матија Валбуена го уценувал со видео снимки.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од тогаш за 30 годишниот напаѓач на еден од најголемите клубови во светот нема место во тимот на „галските петли“, а последен за него зборуваше претседателот на Фудбалскиот сојуз на Франција.

„Немам ништо лично со Карим, секогаш се однесуваше добро во селекциијата, но мислам дека заврши со репрезентација, посебно што во последно време не е во некоја форма“, изјави Ноел Ле Гре.

За одговор на напаѓачот не се чекаше долго, се огласи преку друштвените мрежи.

„Господине Ле Гре, ве молам да ме заборавите. Франција е светски шампион и тоа е единствено нешто што е важно. Ви благодарам“, напиша Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…