Претседателот на УФЦ Дајна Вајт зборуваше за наредниот ривал на Кабиб Нурмагомедов и во таа прилика најави спектакл.
Светската ММА публика веќе неколку недели очекува потврда за борба помеѓу Тони Фергусон и Кабиб Нурмагомедов и таа борба изгледа ќе се случи на почетокот на 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ја договараме таа борба и очигледно е дека тој ќе биде противникот на Кабиб. Само треба да ги договориме деталите. На почетокот на 2020 година би требало да се случи таа борба“, изјави Вајт.
Ќе потсетиме Кабиб во својата последна борба во Абу Даби го победи Дастин Пориер. Офд друга страна Фергусон не се борел од почетокот на јуни кога го во Чикаго победи против Доналд Серон. Кабиб во кариерата има скор од 28:0, додека Фергусон е со скор 25:3.