Првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи одговараше на прашањата од новинарите на „Ле Парисиен“ откако „светците“ потпишаа нов спонзорски договор со ланецот на хотели „Акор“.
Од ова лето ПСЖ во наредните три години ќе инкасира околу 180 милиони евра, а постои опција во договорот соработката да биде продолжена на уште три години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На потпишувањето на соработката присуствуваа Томас Тухел, како и некои играчи – Мбапе, Тиаго, Силва, Верати, Кавани, Буфон...Без оглед на тоа на медиумите најинтересен соговорник им беше Ал Келаифи и тоа поради добро познати причини: УЕФА финансискиот фер-плеј, продажба на најдобрите играчи, доаѓањето на Венгер…
Финансискиот фер-плеј?
„Не сме воопшто загрижени. Договорот кој денес го потпишавме е многу добар за нас. Секогаш сме ги почитувале правилата на УЕФА. Нивните луѓе секогаш се добредојдени во Париз да си ја вршат работата и да истражуваат за она што мислат дека е потребно“.
Нејмар и Мбапе? Ќе мора ли некој од нив двајца да го напушти клубот поради ФФП?
„Не! И не го тврдам тоа со 100% сигурност, туку со 2000%! Тие остануваат во Париз. Многу медиуми пишуваат дека ќе мора да продадеме некои од нив двајца. Тоа не е точно. Остануваат!“.
Многумина ги интересира дали Арсен Венгер ќе пристигне во Париз?
„Уморен сум од одговарањето на такви прашања. Имам многу добри односи со Арсен. Долго го познавам. Тој е одличен менаџер и тренер. Имам големо фудбалско знаење…Но ние имаме спортски директор, тоа ви го кажав повеќе пати. Имам голема доверба во него. Анетро Енрике останува. И ве молам оставете не да си ја работиме нашата работа“.
Значи нема преговори со Венгер?
„Не, нема“, заврши првиот човек на ПСЖ.