Дома Фудбал Лига на шампиони Првиот човек на Наполи, знае нешто повеќе: Звезда ќе биде исфрлена од Лигата на шампионите?!

Првиот човек на Наполи, знае нешто повеќе: Звезда ќе биде исфрлена од Лигата на шампионите?!

psg zbezda

Ништо не е потврдено, но кога ќе изјави еден прв човек на некој клуб тие зборови секако имаат тежина.

Аурелио Де Лаурентис денес се појави на основање на еден клуб на навивач на Наполи, главна тема беше полскиот напаѓач Пиатек и неговиот евентуален трансфер во Неапол, но Џенова тешко дека во јануари ќе се одлучи да го продаде одличниот напаѓач.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Исто така, Де Лурентис откри дека на Анчелоти ќе му биде продолжен договорот, дека тој тренер за подолг период, а неизбежно беше и прашањето за сомневањата дека натпреварот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда е наместен.

„Ништо не е официјално, но вчера слушнав дека се ќе бида започнато од нула, односно дека три тима ќе играат од почеток“, изјави Де Лаурентис.

Тој не сакаше да открива од каде му е таа информација, но овие негови зборови значат дека Црвена Звезда ќе биде исфрлена од Лигата на шампионите, групата би била „рестартирана“ и до крајот од нула ќе започнат Ливерпул, Наполи и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…