Дома Фудбал Првиот човек на Бока со јасен став: Тука сум да слушам, не да се договарам!

Првиот човек на Бока со јасен став: Тука сум да слушам, не да се договарам!

КОНМЕБОЛ денес има состанок таму се претседателите на Бока и Ривер.

„Суперкласико“ и реванш натпреварот во финалето од Копа Либертадорес добиваат нова епизода во сапуницата.

После првиот натпревар кој заврши без победник 2:2, во саботата требаше да се одигра реваншот, но тоа не се случи бидејќи навивачите на Ривер го нападнаа автобусот со играчи на Бока пред „Монументал“.

Неделата беше следниот термин, но после барањето на Бока и тој натпревар беше одложен.

Денес се поставува прашањето каде (ако) ќе се одигра реваншот, а како фаворит се споменува градот Асуинсон во Парагвај. КОНМЕБОЛ денес треба да ја донесе одлуката.

Меѓутоа првиот човек на Бока, Даниел Агеличи има јасен став – не сака ништо друго освен службена победа на неговиот тим.

„Тука сума само да слушам. Нема ништо да се договарам“, изјави Ангеличи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…