Изгледа дека полека добиваме јасна слика како треба да изгледа составот на Манчестер Јунајтед следната сезона.
Ако не знаеме кој ќе пристигне, барем можеме да претпоставиме кој ќе си замине, а еден од оние кои припаѓаат на другата колона е сигурно 25-годишниот дефанзивец од Брегот на Слоновата коска, Ерик Баи. Како што пренесува „The Sun“, Солскјер одамна го отпишал, а тоа сведочи и фактот дека овој фудбалер запиша само два настапи во Премиер лигата откако Норвежанецот ја превзеде клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Истиот извор пренесвуа дека Баи е желба на Арсенал кој го сакаше уште во јануари, а сега повторно ќе сака да го доведе. Тогаш во јануари, Солскјер го потврди интересот на Аренал за неговиот фудбал. Солскјер тогаш коментираше дека не е изненадеш што Арсенал сака да го доведе, а наводно понудил 30 милиони фунти за овој дефанзивец.
Инаку, тој пристигна во Манчестер Јунајтед пред три години од Виљареал, кога Мурињо беше тренер на Јунајтед, а последен пат заигра за клубот во гостинската победа против ПСЖ од 3:1 на почетокот на март. Баи е интересен за Арсенал од причината што Емери сака да ја засили својата одбрана ова лето, а тешко е дека постои подобра опција од овој фудбалер, со оглед на тоа што има искуство во Премиер лигата и тоа за голем клуб, а при тоа е достапен на пазарот и нема многу години.