Дома Останати Кошарка Првиот Кинез во македонската кошарка ќе игра за Куманово

Првиот Кинез во македонската кошарка ќе игра за Куманово

Кинезот Кикаи Сун е нов кошаркар на КК Куманово.

Со ова тој стана првиот Кинез кој ќе заигра во македонската кошарка. Во редовите на Куманово Сун доаѓа по препорака на тренерот Владимир Мирковски кој работеше во Кина.

Станува збор за играч кој игра на крилната позиција и е висок 196 сантиметри, во Куманово пристигна од тимот на Њујорк Харлем Андердогс каде што имаше просек од 11.4 поени, 4.6 скока и 2.1 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…