Дома Фудбал Првиот голман на Милан мора на операција

Првиот голман на Милан мора на операција

Majк Мањан се покажа како одлично засилување за Милан во изминатото лето, голманот дојде од Лил за сума од само 15 милиони евра и го замени Џанлуиџи Донарума кој се пресели во ПСЖ.

Од почетокот на сезоната Мањан брани одлично, па навивачите и не жалат премногу за Донарума. Меѓутоа сега пристигнуваат лоши вести затоа што Мањан ќе мора да оди на операција.

Голманот подолго време има болки во зглобот на раката и тој проблем може да се реши само артроскопска операција. Според најавите се очекува да биде надвор од терените две до три недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вила подготвува милиони за Белтран, Ривер сака да го заштити со огромна клаузула

Астон Вила размислува за понуда од 10 до 15 милиони долари за голманот на Ривер Плата, но …