Тимот на Милан игра се подобро и подобро во продолжение од сезоната, а една од причините е добро одработениот преоден рок и засилувањата Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек кои играат одлично.
Во вчерашниот натпревар Пјонтек одново беше стрелец, а својот прв погодок во Серија А го постигна и Бразилецот Лукас Пакета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пакета првенецот во Серија А го прослави навистина емотивно. После натпреварот откри дека голот го посветил на трагично загинатите млади фудбалери во трагедијата која го погоди неговиот поранешен клуб Фламенго.
Lucas Paqueta dedicates his first Milan goal to the victims of the fire at his former side Flamengo. ? pic.twitter.com/88XGQ3FQAo
— B/R Football (@brfootball) February 10, 2019
„Тоа беше важен момент за мене како и за сите навивачи на Фламенго. Ништо што би се кажало не би можело да ја ублажи болката по оние кои прерано не напуштија. Мојот првенец во дресот на Милан го посветувам на оние кои трагично ги загубија животите“, изјави Бразилецот.
The delivery from Calabria was really good. Paqueta with his first goal for AC Milan! pic.twitter.com/es2bJKGzFM
— Josh (@Josh_LFC4life) February 10, 2019