Дома Топ вести Прва трансфер желба на Анчелоти е ѕвездата на Интер

Прва трансфер желба на Анчелоти е ѕвездата на Интер

Карло Анчелоти ќе биде нов тренер на Реал Мадрид и се очекува само официјална потврда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанецот веќе разговарал со Флорентино Перез и ја посочил првата трансфер желба.

Анчелоти сака да го подмлади средниот ред и да донесе алтернатива за Модриќ, кој сигурно ќе остане и следната сезона, но веќе има 35 години.

Италијанскиот медиуми пишуваат дека наследник на Модриќ ќе дојде од Серија А, а станува збор за Николо Барела.

Италијанскиот репрезентативец одигра одлична сезона во Интер и е еден од најзаслужните за титулата на „нероаѕурите“.

Интер има финансиски проблеми, па Реал ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и веќе спремил понуда од 50 милиони евра плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…