Дома Фудбал Репрезентации Прва реакција од Полска после исфрлувањето на Русија од баражот за СП

Прва реакција од Полска после исфрлувањето на Русија од баражот за СП

Првиот човек на полскиот фудбалски сојуз Цезар Кулеж смета дека правдата е задоволена откако ФИФА и УЕФА ја исфрлија Русија од сите натпреварувања, покрај Русија исфрлени се и руските клубови.

„ФИФА ја суспендираше Русија! Борбата за правда се исплатеше! Покажавме дека силата е во солидарноста. Ние само постапивме исправно. Сега станува збор за помош за Украина и тоа ние како Фудбалски сојуз на Полска ќе го направиме“, порача првиот човек на полскиот фудбал.

Со оглед на тоа дека Русите се исфрлени од страна на ФИФА се уште не е познато дали некоја друга репрезентација ќе игра со Полска или ФИФА ќе донесе некоја друга одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Флик лесно се откажа од ѕвездата на Барселона, Баерн веднаш реагираше

Жил Кунде за само неколку месеци од еден од посигурните членови на почетниот тим на Барсел…