Mладиот напаѓач Витор Роке пристигна во Барселона и веќе од јануари ќе може да биде на располагање на тренерот Чави Ернандез.
Роке има 18 години и пристигнува од Палмеирас, а Барселона на Атлетико Параненсе за неговиот трансфер плати 40 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес тој пристигна во Барселона и по комплетирањето на медицинските прегледи ја даде и првата изјава како играч на каталонскиот гигант.
„Ова е остварување на мојот сон. Од детството сонував да играм и постигнувам голови за Барселона. Сигурен сум дека ќе можам многу да научам од моите соиграч. Со нетрпение чекам да започнам“, изјави Роке.
Првичниот план на Барселона беше Роке да пристигне на лето, меѓутоа ситуацијата со повредите и неефикасноста во нападот го натераа клубот да реагира порано.
❝ Es un sueño que he hecho realidad ❞
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) December 27, 2023
Las primeras palabras de 🐅 como azulgrana pic.twitter.com/1xOwHpSCpg