Француските медиуми пренесуваат дека Килијан Мбапе разговарал со Антоан Гризман откако напаѓачот на Атлетико Мадрид покажал незадоволство што тој не е избран за капитен на француската репрезентација.
Селекторот Дидие Дешам одлучи по повлекувањето на Уго Лорис од репрезентацијата капитенската лента да му ја додели на Килијан Мбапе, а тоа Гризман не го прифатил баш најдобро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Се пишуваше дека Гризман бил лут и го напуштил состанокот, но сега пристигнуваат информации дека Мбапе веднаш се покажал како голем капитен.
Имено, според она што го објави „Л’Екип“, Мбапе го повикал Гризман и му пренел дека го разбира неговото разочарување од одлуката, но и му потенцирал дека смета на неговото присуство во соблекувалната и го гледа како еден од важните фудбалери во новиот виклус.
Наводно, Гризман реагирал одлично по овој разговор со Мбапе и прифатил се што му кажал својот соиграч.