Екипата на Барселона во текот на вчерашниот ден официјално го потврди трансферот на Жан Клер Тодибо кој во Каталонија ќе пристигне на лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тодибо оваа сезона го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, но на крајот Барселона победи во трката за 19 годишниот стопер и го доведе во своите редови.
Овој фудбалер многумина го споредуваат со стоперот од Реал Мадрид, Рафаел Варан.
„Навистина сум пресреќен што потпишав за Барселона. Тие се повеќе од клуб, благодарен сум што веруваа во мене. Тоа ќе биде почеток на една нова ера во мојата кариера. Ќе дадам се од себе за да остварам големи работи“, изјави Тодибо.
https://www.youtube.com/watch?v=y0ZjqLU03Ys