Дома Фудбал По шести пат двајца браќа ја освојуваат Лигата на шампиони

По шести пат двајца браќа ја освојуваат Лигата на шампиони

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Лукас Хернандес синоќа ја освои Лигата на шампиони и така му се придружи на својот брат Тео Хернандес, кој триумфираше со Реал Мадрид пред две години.

Така Французите стаа шестите браќа кои можат да се пофалат со титула од најпрестижниот турнир, а четврти пат тоа се случува со два различни клуба.

Пред тоа истото го постигнале Гери и Фил Невил со Манчестер Јунајтед, Франк и Роналд де Бур со Ајакс.

Михаел и Брајан Лаудруп ја освоија ЛШ со Барселона односно Милан, Габриел и Диего Милито со Барселона и Интер и Рафиња и Тиаго Алкантара со Барселона и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…