Вчера главна вест во македонската ракометна јавност беше дека Вардар постигнал договор и се е завршено околу доаѓањето на Хрватот, Анте Гаџа. Сепак работата не е завршена!
Средниот бек треба да дојде во Скопје како замена за Скубе меѓутоа помеѓу Вардар и ППД Загреб се уште нема договор. Главниот менаџер на ППД Загреб, Божидар Јовиќ потенцираше дека Вардар треба да плати ако го сака Гаџа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Луѓето во Вардар знаат колку треба да платат за Гаџа. Кога ќе ја платат таа сума тогаш ќе можат да кажат дека тој е нивни ракометар. Во овој момент ништо не е завршено, Гаџа е наш играч“, изјави Јовиќ.
Дека нема договор потврди и самиот ракометар.
„Не сум потпишал ништо и тоа значи дека јас се уште сум играч на ППД Загреб. Ако клубовите се договорат ќе си заминам. Имаше опција и со Спортинг Лисабон, но јас повеќе сакам да продолжам во Вардар“, изјави Гаџа за хрватските ракометари.
Ова може да биде втор проблем, откако денес Мешков Брест изненадувачки го официјализираше трансферот на Димитри Санталов кој веќе беше виден како нов играч на црвно-црните.