Дома Фудбал Останато По препорака на Саутгејт: Керик седнува на клупата на поранешниот премиерлигаш

По препорака на Саутгејт: Керик седнува на клупата на поранешниот премиерлигаш

Англискиот второлигаш Мидлсброу е во напредна фаза на преговори со Мајкл Керик за тренерската позиција во овој клуб.

Раководството на клубот како прв кандидат за тренер го означи Керик, откако Крис Вајлдер доби отказ поради лошите резултати.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во последните 48 часа преговорите се во напредна фаза, а раководството на клубот се надева дека договорот за ангажман би можел да биде постигнат во следните неколку дена, објави Скај.

Наводно, Керик бил препорачан од селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој е во добри односи со претседателот на клубот Стив Гибсон, со кој некогаш играл заедно.

Керик, кој како играч за 12 години освои пет титули во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, досега немаше самостојна тренерска работа.

Кога се пензионираше во 2018 година, тој стана дел од стручниот штаб на Јунајтед под тогашниот менаџер Оле Гунар Солскјаер, од Олд Трафорд замина минатиот декември по доаѓањето на Ралф Рангник.

Мидлзброу го отпушти менаџерот Вајлдер на 3. октомври по нивниот петти пораз во првите 11 натпревари во Чемпионшип и елиминацијата од Лига купот во првото коло против Барнсли. Тимот моментално е на 22. место на табелата со 13 бодови од 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…