Вардар полека но сигурно го комплетира составот за наредната натпреварувачка сезона.
По Сергеј Горбок, Вардар договори уште еден репрезентативец на Русија. Младиот 23-годишен играч на Санкт Петербург, Дмитри Кисељев, и дефинитивно се договори со тимот на Вардар да потпише договор во важност од две години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кисељев игра на позицијата десен бек, оваа сезона е убедливо најдобар играч на својот тим, а веќе две години наназад е и стандарден член на репрезентацијата на Русија.
Со својте голови, Кисељев треба да биде еден од главните играчи во нападот на “црвено – црните”.