Дома Фудбал По голот на Санчез Бонучи тргна да се пресметува со секретарот на Интер 🎥

По голот на Санчез Бонучи тргна да се пресметува со секретарот на Интер 🎥

Интер стигна до трофејот во Суперкупот на Италија со голот на Алексис Санчез во 120. минута.

Кога изгледаше дека ќе гледаме пенали во борбата за трофејот, Санчез ја искористи грешката во одбраната на Алекс Сандро и го совлада Перин. Во тие моменти пред голот Леонардо Бонучи се подготвуваше да влезе во игра и стоеше крај аут линијата.

Од клупата на Јувентус сугерираа да се направи тактички прекршок за во игра да влезе Бонучи, но тоа не се случи. По примениот гол Бонучи од некоја причина тргна да се пресметува со секретарот на Интер Кристијано Моцило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер под притисок во Ротердам: Тирам и Еспозито во нападот без Лаутаро

По два пораза во првите три кола, Интер бара победа против Феенорд. Повредите и суспензија…