Дома Македонски спорт По блескавиот настап против Реал Мадрид: Димитриевски најдобар голман во топ 5 првенства!

По блескавиот настап против Реал Мадрид: Димитриевски најдобар голман во топ 5 првенства!

Македонскиот голман брани во одлична форма, а последниот викенд беше најзаслужен за ремито на неговиот Рајо Ваљекано против Реал Мадрид.

Димитриевски имаше неколку одлични интервенции со кои успеа да го зачува својот гол, а во избнорот на шпанската новинска агенција е прогласен за најдобар голман во топ 5 првенства.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Изборот сигурно дека е апсолутно заслужен, натпреварот Димитриевски го заврши со пет успешни интервенции, четири беа по обиди внатре во шеснаесетникот. За него ова беше шести натпревар во сезоната без примен гол.

Покрај Димитриевски место во идеалниот тим од најсилните првенства во Европа добија: Хакими (ПСЖ), Упамекано (Баерн М.), Грималдо (Баер Леверкузен), Араухо (Барселона), Мирети (Јувентус), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед), Родригез (Лас Палмас), Доку (Манчестер Сити), Дојбик (Џирона) и Кејн (Баерн Минхен).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…