Дома Останати Кошарка Почина поранешен НБА кошаркар (42), настапуваше за Бостон и Орландо

Почина поранешен НБА кошаркар (42), настапуваше за Бостон и Орландо

Поранешниот американски кошаркар Брендон Хантер, кој кратко настапуваше за Бостон Селтикс и Орландо Меџик, почина во вторникот на 42-годишна возраст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хантер колабирал за време на сесија „жешка јога“ во Орландо, но не се соопштуваат причините за смртта.

“Сите сме шокирани. Брендон беше во добра форма”, изјавила негов роднина за NBC News.

Откако играше четири години на Универзитетот во Охајо и имаше просек од 16,9 поени, 9,3 скока и 2,1 асистенции, Хантер, кој играше на четирите позиции, беше преземен од Бостон Селтикс со 56-тиот пик на драфтот во 2003 година.

Во ТД Гарден остана една сезона со просечни 3,5 поени и 3,3 скока, а потоа се пресели во Орландо каде забележа 31 настап со просек од 3,1 поен и 2,2 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок во Турција: Почина тренер на Ефес

Серхат Гунеш ја изгуби најголемата битка во животот на 40 години, а турскиот гигант искажу…