Денес на 87-годишна возраст почина легендата на Вардар, Ванчо Трпевски кој целата кариера ја мина во редовите на „црвено-црните“.
Трпевски најпрво беше играч, а потоа и тренер во помладите и сениорските категории на најтрофејниот македонски клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Трпевски е роден во 1934 година. Тој целиот тренерски стаж го мина работејќи во сите генерации на Вардар. Тој беше тренер на Вардар во сезоната 1993/94 кога тимот се закити со втората шампионска титула во независна Македонија.
Иако неговото вистинско име му е Јован Трпев, сите го знаат како Ванчо Трпевски.