Дома Фудбал Англија Потрошил 800.000 фунти да го импресионира Конте: Ангажирал психолози, скаути да го следат Хакими, најскапа опрема…

Потрошил 800.000 фунти да го импресионира Конте: Ангажирал психолози, скаути да го следат Хакими, најскапа опрема…

Интересни информации ни пристигнвуаат од Островот поврзани со дефанзивецот на Тотенхем, Емересон Ројал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој фудбалер направи трансфер во Премиер лигата за сума од 30 милиони фунти, но во Тотенхем не само што не ги оправда очекувањата, туку е сметан и за големо промашување.

Секако, таквата ситуација не му се допаднала, па Ројал се одлучил да инвестира во својата форма. Како што пренесуваат медиумите тој потрошил 800.000 фунти на опрема за да ја подобри формата.

Станувало збор за опрема од сите аспекти. Прво купил опрема за сопствени потреби, а потоа ангажирал психолози и невропсихијатри за да работи на психичкиот момент. Дури ангажирал посебни скаути да го следат Ашраф Хакими и да му пренесуваат се што ќе забележат. За Ројал Хакими е пример како треба да се игра на позицијата десен бек.

Ваквата ситуација и била импресионирачка за тренерот Антонио Конте кој јавно го пофали.

„Навистина сум импресиониран од работната етика и неговиот напредок. Многу е подобар од минатата сезона и верувам ќе продолжи во тој правец“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Огромен скандал го тресе Бразил пред Светското првенство: Дали докторите лажеле за повредата на Нејмар?

Огромен скандал ја потресува репрезентацијата на Бразил пред почетокот на Светското првенс…