Дома Останати Кошарка Потресно сведоштво за смртта на Мајкл Оџо

Потресно сведоштво за смртта на Мајкл Оџо

Поранешниот кошаркар на Црвена Ѕвезда и член на репрезентацијата на Нигерија, Мајкл Оџо денеска почина на 27. годишна возраст додека тренирал индивидуално.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нигериецот колабирал на тренингот, бил пренесен во најблиската болница, но веќе било доцна.

За српските медиуми кратка изјава даде сведок од настанот.

„Кошаркарот почина за време на тренинг. Тој се допре за ѕидот од салата под кошот и наеднаш падна на земјата.“

Оџо целата своја професионална кариера ја помина во Србија, а пред неколку месеци остана без клуб, но продолжи со тренинзи во Белград.

Со Црвена Звезда ја освои АБА лигата и српската лига во 2019. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Maкедонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс ќе игра во Шпанија!

По неуспешната авантура во Панатинаикос, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс наскоро…